Mutlu Demirtaştan
01 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Британецот Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес од екипата во Формула 1, нема да настапи на трката за Големата награда на Сахир во Бахреин бидејќи е позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави тимот на Мерцедес се наведува дека Хамилтон, чиј тест за Ковид-19 бил позитивен, нема да може да се натпреварува на ГП на Сахир во 16. трка од сезоната, што ќе се одржи во Бахреин од 4 до 6 декември.
Се наведува дека здравјето на Хамилтон е добро и дека е започнат процесот на изолација.
Хамилтон победи на 11 од 15 трки одржани оваа сезона, а на трката за Големата награда на Турција, што се одржа во Истанбул, го прогласи освојувањето на својата 7. шампионска титула.
Од друга страна, Хамилтон е третиот возач на Формула 1 кој е позитивен на коронавирусот. Пред трката во Велика Британија, позитивен беше Мексиканецот Серхио Перез, а кај Канаѓанецот Ленс Строл коронавирусот беше детектиран пред трката во Германија.