Can Erözden
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
АНКАРА (АА) - Полска е подготвена да ја продолжи фудбалската сезона 2019/2020 кон крајот на мај, потврди полскиот премиер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Планот на Екстракласа одобрен од премиерот @MorawieckiM [Матеуш Моравиецки], на 29 мај се враќаме во игра!“, објави на Твитер полската највисока лига Екстракласа.
Коронавирусот ја принуди Полска на 13 март да ја одложи Екстракласа.
Од Екстракласа на прес-конференција истакнаа дека Моравиецки и министерката за спорт, Данута Дмовска-Андржејук, се состанале за да го одобрат продолжувањето на полската Екстракласа за следниот месец.
Оваа сезона се планира да се заврши до 20 јули.
Легија Варшава ја предводи лигата со 51 бод. На второ место се наоѓа Пјаст Гливице со 43 бода и 26 натпревари. Краковија е трета со 42 бода.
Новиот коронавирус, Ковид-19, за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември и се рашири во околу 200 земји и региони во светот. САД и Европа се најтешко погодените делови на светот.
Пандемијата досега зеде над 202.300 животи низ целиот свет, со вкупно близу 2,9 милиони заразени, додека излекувани се над 814.000 пациенти, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Во Полска има 499 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, и 11.067 потвдени случаи на вирусот.