Mutlu Demirtaştan
27 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Трката за Големата награда на Франција во Формула 1 е одложена поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА),
Оваа информација беше соопштена преку соопштение објавено на интернет-страницата на Формула 1.
Во соопштението се наведува дека во рамки на мерките преземени во Франција против оваа пандемија, одложена е трката која беше планирана да се одржи на 28 април на патеката „Пол Рикар“, која се наоѓа во Ле Кастел, Франција.
Со оваа одлука, бројот на одложени трки во сезоната на 2020 година поради Ковид-19 се зголеми на 10.
Во случај да нема нови одложувања, сезоната во Формула 1 ќе започне со трката во Австралија на 5 јули.