Berad Büyük
25 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ЛОНДОН
Англискиот фудбалски клуб Челзи нема да оди на намалување или одложување на исплатата на платите на фудбалерите поради ситуацијата околу коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на клубот од Стамфорд Бриџ наведено е дека на фудблерите нема да им се намалат платите, иту било кој од останатите вработени во клубот ќе биде испратен на неплатен одмор.
Британските медиуми објавија дека фудбалерите на Челзи на клубот му понудија намалување на платите во износ од 10 отсто, што клубот го одбил.
Од Челзи наведоа дека фудбалерите, наместо на клубот, можат да им помогнат на институциите на јавното здравство во Велика Британија