Doğa Kırmızıoğlu
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АНКАРА (АА) – Фудбалската ѕвезда Нејмар, кој игра во Пари Сен Жермен (PSG), еден од тимовите на француската Прва фудбалска лига (Лига 1), изјави дека идната сезона сака да игра со Лионел Меси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бразилскиот играч Нејмар, кој постигна два гола на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите на УЕФА, каде Пари Сен Жермен (PSG) го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1 на гостински терен, по натпреварот одговараше на прашањата на новинарите.
На прашањето дали аргентинската фудбалска ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, сака да игра во Пари Сен Жермен следната година, Нејмар рече: „Она што најмногу сакам е повторно да играм со Меси и да уживам во фудбалот. Може да игра и на мојата позиција, нема проблем во однос на тоа прашање. Но, следната сезона, дефинитивно сакам да играм со него во иста екипа. Тоа треба да го оствариме.“
На крајот на сезоната, на 33-годишниот Меси, кој стана еден од легендарните играчи на Барселона постигнувајќи 641 гол на 743 натпревари, му завршува договорот со шпанскиот клуб.