Abdulkadir Karakaya
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Во најзначајното фудбалско натпреварување во Европа, УЕФА Лигата на шампиони, синоќа се одиграа преостанатите натпревари од 5. коло во групите Е, Ф, Г и Х, известува Агенција Анадолија (АА).
Во групата Х се одигра дербито на колото во кое Манчестер Јунајтед на домашен терен го пречека ПСЖ. Гостите уште во самиот почеток од натпреварот, во 6. минута со голот на Нејмар поведоа со 0:1. Маркус Рашфорд го изедначи резултатот на 1:1 во 32. минута, а во 69. минута Маркос Аоас Кореа, познат како Маркињос, го доведе ПСЖ во водство од 1:2. Во судиското продолжение 90+1 Нејмар го постигна својот втор погодок за конечни 1:3 и победа на ПСЖ на гостинскиот терен на Манчестер Јунајтед. Играчот на Манчестер Јунајтед, Фред, во 70. минута од средбата доби црвен картон и својот тим го остави со 10 играчи.
Во истата група Медипол Башакшехир на домашен терен загуби со 3:4 од Лајпциг. Германската екипа поведе во 26. минута преку Јусуф Поулсен, а резултатот на 0:2 го зголеми Норди Мукиеле во 43. минута. Домаќините намалија на 1:2 во судиското продолжение 45+2 со погодокот на Ирфан Џан Кахвеџи. Во второто полувреме гостите со погодокот на Дани Олмо во 66. минута повторно водството го зголемија на 1:3. По овој погодок домаќините се созедоа и со два погодока на Кахвеџи во 72. и 85. минута (негов хет-трик на овој натпревар) го изедначија резултатот на 3:3. И кога сите помислуваа дека средбата ќе заврши без победник, Александер Серлот во судиското продолжение 90.+2. минута постигна погодок и победа на Лајпциг од 3:4.
По ваквиот развој на настаните во групата Х, три екипи имаат по 9 бода, така што пласманот во осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони ќе биде познат по натпреварите што ќе се играат во последното 6. коло.
- Оливје Жиру стави печат на натпреварот со постигнатите 4 гола
Во групата Е се одигра натпревар меѓу Челси и Севиља кои веќе го обезбедија пласманот во осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони. Печат на натпреварот стави францускиот интернационалец Оливије Жиру кој четирипати ја затресе мрежата на Севиља. Жиру е првиот играч на Челси кој во Лигата на шампиони успеал на еден натпревар да постигне 4 гола.
Во групата Г екипата на Барселона која во минатото коло го обезбеди својот пласман меѓу 16 најуспешни тима на ЛШ, му гостуваше на Веренцварош. Гостите со погодоците на Грижман, Брејтвејт и Дембеле со 0:3 го совладаа Ференцварош, кој во оваа група по 5 одиграни кола со 1 бод се наоѓа на дното на табелата заедно со Динамо Киев.
Во оваа група со истиот резултат од 3:0 Јувентус како домаќин го совлада Динамо Киев. Трите бода на италијанскиот претставник му ги донесоа Федерико Кјеза, Алваро Мората и Кристијано Роналдо, кој го постигна својот 750. погодок во кариерата.
Во групата Ф Лацио одигра нерешено 1:1 на гостувањето против Борусија Дортмунд.
Резултати од синоќа одиграните средби:
Група Е
Севиља - Челси 0:4
Краснодар - Рен 1:0
Група Ф
Борусија Дортмунд - Лацио 1:1
Клуб Бриж - Зенит 3:0
Група Г
Ференцварош - Барселона 0:3
Јувентус - Динамо Киев 3:0
Група Х
Истанбул Башакшехир - Лајпциг 3:4
Манчестер Јунајтед - ПСЖ 1:3