спорт

НБА: Торонто ја постигна својата 14. последователна победа

Актуелниот шампион Репторс на домашен терен со поддршка на публиката со еден поен разлика успеа да го совлада Бруклин Нетс и да ја извојува својата 39. победа сезонава

Yunus Kaymaz  | 09.02.2020 - Обновена : 11.02.2020
НБА: Торонто ја постигна својата 14. последователна победа

ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Торонто Репторс, актуелниот шампион во американската Национална кошаркарска лига (НБА), со 119:118 го совлада Бруклин Нетс и стигна до својата 14. последователна победа во лигата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Актуелниот шампион Репторс на домашен терен со поддршка на публиката со еден поен разлика успеа да го совлада Бруклин Нетс и да ја извојува својата 39. победа сезонава.

Истовремено Репторс го искачи клупскиот рекорд од 12 последователни победи на 14. Најефикасна игра во екипата на Репторс прикажаа Фред Ванвлит со 29 поени, 6 асистенции и 2 скока, Теренс Дејвис со 20 поени, 8 скока и 1 асистенција и Паскал Сајакем со 20 поени, 7 скока и 4 асистенции.

Во гостинската екипа најдобар перформанс прикажа Керис Леверт со 37 поени, 4 асистенции и 3 скока, Спенсер Динвиди со дабл-дабл од 21 поен, 11 асистенции и 6 скока, Торин Принс со 17 поени, 2 скока и 2 асистенции и Деандре Ejтон со дабл-дабл учинок од 15 поени, 14 скока, и асистенција.

- Меџик на домашен терен загуби од Бакс -

Орландо Меџик на домашен терен ја пречека екипата на Милвоки Бакс. Гостите покажаа подобра игра и со 95:111 го совладаа Меџик.Дабл-дабл учинок во редовите на Бакс постигнаа една од најдобрите ѕвезди во НБА, Јанис Антетокунпо, со 19 поени, 18 скока и 9 асистенции и Крис Мидлтон со 21 поен, 13 скока и 6 асистенции. Турскиот интернационалец во редовите на Бакс, Ерсан Илјасова, на теренот помина 12 минути, постигнувајќи 4 поени и 3 скока.

Кај домаќините најдобар перформанс прикажа Никола Вучевиќ, со дабл-дабл од 21 поен, 14 скока и 6 асистенции и Теренс Рос со 20 поени, 4 скока и 3 асистенции.

- Резултати од синоќа одиграните натпревари:

Орландо Меџик - Милвоки Бакс 95 : 111

Шарлот Хорнетс - Далас Маверикс 100 : 116

Детроит Пистонс - Њујорк Никс 92 : 95

Торонто Репторс - Бруклин Нетс 119 : 118

Индијана Пејсерс - Њу Орлеанс Пеликанс 117 : 124

Минесота Тимберволвс - Лос Анџелес Клиперс 142 : 115

Голден Стејт Вориорс - Лос Анџелес Лејкерс 120 : 125

Феникс Санс - Денвер Нагетс 108 : 117

Сакраменто Кингс - Сан Антонио Спарс 122 : 102.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.