13 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ - Екипата на Милвоки Бакс, членка на американската Национална кошаркарска лига (НБА), загуби од Индијана Пејсерс со 118:111, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 11 натпревари во НБА. Милвоки Бакс одигра уште еден натпревар без својата ѕвезда Јанис Антетокунпо, но овојпат не успеа да го избегне поразот.
Главна улога во победата на Пејсерси над Бакс одиграа Ти-Џеј Ворен со 35 поени, 7 скока и 1 асистенција, Малколм Брогдон со дабл-дабл учинок од 17 поени, 13 асистенции и 5 скока и Домантас Сабонис со 15 поени, 8 скока и 4 асистенции. Турскиот интернационалец Ерсан Илјасова постигна 12 поени, 3 скока и 1 асистенција.
Во редовите на Бакс најпрецизни беа Донте Винченцо со 19 поени, 8 скока и 1 асистенција, Крис Мидлтон со 17 поени, 5 скока и 5 асистенции и Ерик Бледсо со 15 поени, 6 скока и 4 асистенции.
Екипата на Кливленд Кавалирс, во која игра охриѓанецот Џеди Осман, на домашен терен ја совлада Атланта Хоукс со 127:105.
Кај домаќините Тристан Томсон постигна дабл-дабл од 27 поени, 11 скока и 1 асистенција, а Лери Ненси Џуниор имаше дабл-дабл од 23 поени, 12 скока и 2 асистенции. Турскиот интернационалец во редовите на Кливленд, охриѓанецот Џеди Осман, на овој натпревар постигна 3 поени, 6 скока и 2 асистенции.
Интересен натпревар се одигра во Денвер, каде што Нагетс на домашен терен ја пречека екипата на Лос Анџелес Лејкерс. Во првата и третата четвртина подобра игра прикажаа домаќините, освојувајќи ги со 31:23 и 32:23, додека во втората и чевртата четвртина подобри беа Лејкерси, добивајќи ги со 24:38 и 24:27. При резултат 111:111 Леброн Џејмс во последните секунди од средбата не успеа да постигне погодок, по што се замина на продолжетоци. Лејкерси беа поуспешни во продолжението, победувајќи со 116:120.
Најдобар перформанс на натпреварот во редовите на Лејкерси прикажаа Леброн Џејмс со трипл-дабл учинок од 32 поени, 14 асистенции и 12 скока и Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок од 33 поени, 10 скока и 2 асистенции.
Во редовите на Нагетс најпрецизни беа Џамал Мареј со дабл-дабл од 32 поени, 10 асистенции и 3 скока и Никола Јокиќ со дабл-дабл од 22 поени, 11 скока и 6 асистенции.
- Резултати:
Орландо Меџик - Детроит Пистонс 116 : 112 (продолжеток)
Кливленд Кавалирс - Атланта Хоукс 127 : 105
Бруклин Нетс - Торонто Репторс 101 : 91
Њујорк Никс - Вашингтон Визардс 96 : 114
Индијана Пејсерс - Милвоки Бакс 118 : 111
Мемфис Гризлис - Портланд Треил Блејзерс 111 : 104
Минесота Тимберволвс - Шарлот Хорнетс 108 : 115
Далас Маверикс - Сакраменто Кингс 130 : 111
Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс 112 : 106
Јута Џез - Мајами Хит 116 : 101
Денвер Нагетс - Лос Анџелес Лејкерс 116 : 120 (продолжеток).