Doğa Kırmızıoğlu
23 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
АНКАРА
Во американската Национална кошаркарска лига (НБА) екипата на Вашингтон Визардс како гостин, во продолжението на натпреварот, со 124:127 го совлада Лос Анџелес Лејкерс и ја извојува својата петта победа во серија, известува Агенција Анадолија (АА).
Поради превентивните мерки против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), одложен е натпреварот меѓу Индијана Пејсерс и Сан Антонио Спарс, така што синоќа се одиграа 6 средби во НБА.
Во натпреварот меѓу Лејкерс и Визардс, првите две четвртини ги доби Лејкерс и на полувреме замина со предност од 14 поени разлика и резултат 63:49. Во продолжението на средбата, Визардс ја презеде играта во свои раце и регуларниот тек на средбата заврши нерешено 115:115. Во продолжението Визардс успеа да направат предност и со резултат 124:127 го совлада Лејкерс.
Визардс ја извојува својата 11. победа сезонава, петта во серија. Најдобри во редовите на Визардс беа Расел Вестбрук со дабл-дабл од 32 поени, 14 скока и 9 асистенции, Бредли Бил со 33 поени, 7 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки и Руи Хачимура со 15 поени и 6 скока, со што дадоа свој придонес во победата над Лејкерс.
Лејкерс го претрпе својот трет последователен пораз, вкупно 10. оваа сезона. Леброн Џејмс на овој натпревар постигна дабл-дабл од 31 поен, 13 асистенции и 9 скока, Монтрезл Харел на оваа средба оствари 26 поени и 9 скока, Кентевиус Колдвел-Поуп 21 поен и 3 скока, додека Кајл Кузма постигна дабл-дабл од 14 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Визардс.
Леброн успева 31. натпревар по ред да оствари просек од 15 поени, 5 скока и 5 асистенции, зголемувајќи го сопствениот најдолг рекорд во серија во историјата на НБА на ова поле.
- Јута Џез до победа со рекорден број тројки
Екипата на Јута Џез, лидерот во Западната конференција, ја постигна својата 25. победа сезонава, совладувајќи го Шарлот Хорнетс со резултат 132:110.
На овој натпревар Џезерите го урнаа клупскиот рекорд, постигнувајќи 28 тројки, испишувајќи го своето име во историјата на НБА како екипа која за најкус период (31 натпревар) успеала да ја мине границата од 500 тројки во една сезона.
Во редовите на Јута Џез, која сезонава претрпе само 6 порази, најпрецизен играч беше Донован Мичел со 23 поени, 8 асистенции и 4 скока. Џо Инглс и Жорж Нианг постигнаа по 21 поен, Џордан Кларсон 20 поени, Мајк Конли 15 поени, 5 асистенции и 3 украдени топки, додека Руди Гоберт постигна дабл-дабл од 10 поени, 12 скока и 6 блокади, со што дадоа свој придонес во победата на Џез.
Хорнетс, кој го претрпе својот 16. пораз сезонава, досега извојува 14 победи. Најпрецизни кај Шарлот беа Гордон Хејвард и Ламело Бол со по 21 поен, Малик Монк со 20 поени и 6 скока, а ПиЏеј Вашингтон постигна 17 поени.
Резултати:
Хјустон Рокетс - Чикаго Булс 100:120
Далас Маверикс - Мемфис Гризлис 102:92
Оклахома Сити Тандер - Мајами Хит 94:108
Феникс Санс - Портланд Треил Блејзерс 132:100
Јута Џез - Шарлот Хорнетс 132:110
Лос Анџелес Лејкерс - Вашингтон Визардс 124:127 (во продолжение).