Bedrudin Brljavac
03 Март 2024•Ажурирај: 04 Март 2024
ТОКИО (АА) - Победници на овогодинешното издание на маратонот во Токио се Кениецот Бенсон Кипруто во машка конкуренција и Етиопјанката Сутума Асефа Кебеде во женска, јавува Анадолу.
На маратонот оваа година трчаа повеќе од 37.000 натпреварувачи од многу земји во светот.
Трката во јапонската престолнина долга 42,1 километар е меѓу шесте најпознати маратонски трки во светот, заедно со трките во Бостон, Њујорк, Чикаго, Лондон и Берлин.
Првите три места за мажи им припаднаа на тркачите од Кенија. Кипруто беше прв со време од 2 часа 2 минути и 16 секунди. Втор беше Тимоти Киплагат, а третото место го освои Винсент Кипкемои Нгетич.
Кај жените прва беше Кебеде од Етиопија со време 2:15:55. Кенијката Розмари Ванџиру го освои среброто, а Амане Берисо Шанкуле од Етиопија освои бронза.
Кипруто и Кебеде поставија рекорди на патеката со своето истрчано време.
Токискиот маратон е првиот во календарската година од големите светски маратони.