Adis Karaca
20 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
НИОН (AA) - Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах останаа во најтесниот избор за престижната награда на УЕФА „Играч на годината“, јавува Anadolu Agency (AA).
Победникот, заедно со освојувачот на наградата во женска категорија и најдобрите играчи на Лигата на шампионите по позиции, ќе биде прогласен на 30 август во Монако во текот на ждрепката за групна фаза на најелитното европско натпреварување.
Најдобриот играч на УЕФА Лига Европа ќе биде познат ден подоцна.
- Тројца кандидати
Лука Модриќ (Реал Мадрид и Хрватска) е освојувач на трофејот на Лигата на шампионите, стана вицешампион на светот со Хрватска на Светското првенство во Русија и е добитник на „Златната топка“ на ФИФА.
Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Јувентус и Португалија) исто така ја освои Лигата на шампионите 5-ти пат по ред и е најдобар стрелец во натпреварувањето шест сезони.
Мохамед Салах (Ливерпул и Англија) го играше финалето на Лигата на шампионите и собори бројни рекорди во првата сезона во Ливерпул.
Меѓу 10-те најдобри влегоа:
4. Антони Гризман (Атлетико и Франција) - 72 поени
5. Лионел Меси (Барселона и Аргентина) - 55 поени
6. Килијан Мбапе (ПСЖ и Франција) - 43 поени
7. Кевин де Брујн (Манчестер сити и Белгија) - 28 поени
8. Рафаел Варан (Реал Мадрид и Франција) - 23 поени
9. Еден Хазард (Челзи и Белгија) - 15 поени
10. Серхио Рамос (Реал Мадрид и Шпанија) - 12 поени.
Жирито на УЕФА, коешто ќе ги прогласи победниците во сите конкуренции, го сочинуваат 32 тренери на клубови учесници во Лигата на шампионите во изминатата сезона, односно 48 тимови учесници на Европа лига, како и 55 новинари, по еден од секоја земја членка на континенталната фудбалска асоцијација.