Selçuk Buğra Gökalp
19 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Лионел Меси за аргентинскиот печат изјави дека сè уште нема намера да се пензионира, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за аргентинската телевизија „Tyc Sports“, Меси по освојувањето на Светското првенство ја сподели својата радост.
„Очигледно, сакав со ова да ја завршам кариерата. Не можам повеќе да барам ништо. Фала му на Бога што ми даде сè. Да ја завршам кариерата вака, тоа е импресивно“, рече Меси.
35-годишниот фудбалер додаде дека сака да продолжи да игра за националниот тим.
„Го сакам фудбалот, она што го работам. Уживам што сум во репрезентацијата со тимот и сакам да продолжам да играм уште неколку натпревари како светски шампион“.
Аргентина предводена од Меси ја освои својата трета титула на Светското првенство на ФИФА, победувајќи ја Франција во пенали, на финалето кое се одржа синоќа.