Mutlu Demirtaştan
05 Август 2022•Ажурирај: 06 Август 2022
ИСТНАБУЛ (АА) - Шпанскиот одбранбен играч Марк Кукуреља кој го носеше дресот на Брајтон, потпиша договор за трансфер во англискиот премиерлигаш Челси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Клубот Челси соопшти дека е потпишан договор со Кукуреља на шест години.
Британските медиуми тврдат дека вредноста на трансферот на 24-годишниот фудбалер во Челси изнесува 62 милиони фунти.
Инаку, Кукуреља ги носеше дресовите на Еибар и Гетафе, а потоа минатата година играше за Брајтон.
Кукуреља со дресот на Брајтон одигра 38 натпревари и постигна еден погодок.