Mutlu Demirtaştan
29 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити лансира паметен шал, со цел да ги мери физиолошките и емоционалните реакции на навивачите за време на натпреварите, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соработка со својот технолошки партнер „Циско“, фудбалскиот клуб Манчестер Сити изработи шал кој ќе помогне да се набљудуваат физиолошките и емоционалните ефекти на фудбалските натпревари врз навивачите.
Благодарение на биосензорот „EmotiBit“, поставен во шалот во пределот на вратот, ќе се добијат моменталните податоци на навивачот, како што се отчукувањата на срцето, телесната температура и емоционалната состојба.
Податоците собрани од различни ситуации, како што се промашени пенали и голови во последен момент, ќе му овозможат на клубот да обезбеди персонализирани искуства за навивачите во иднина.
Паметните шалови ќе им бидат достапни во ограничен број на навивачите на Манчестер Сити во сезоната 2022/2023.