Dejan Maksimovic
10 Мај 2023•Ажурирај: 10 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалерите на Реал Мадрид и Манечстер Сити синоќа на мадридскиот стадион Сантјаго Бернабеу одиграа нерешено 1:1 во првиот полуфинален натпревар на УЕФА Лигата на шампиони, известува Анадолу.
Иако Манчестер Сити доминираше во првото полувреме и повремено се закануваше пред домашниот гол, до водство прв дојде „кралскиот клуб“. По брзиот напад во 36 минута Едуардо Камавинга му асистираше на Винисиус Жуниор, кој со извонреден удар од дваесетина метри ја затресе мрежата на „граѓаните“ за водство од 1:0. Со овој резултат се замина на полувреме.
Во второто полувреме Реал го имаше поседот на топката, но погодок постигнаа гостите. Во 67 минута Илкај Ѓундоган пред голот на Реал Мадрид му асистираше на Кевин де Брујне, кој со силен удар од дваесеттина метри постигна гол и го изедначи резултатот на 1:1. До крајот на средбата екипата на Реал Мадрид имаше повеќе изгледни прилики за водство, од кои едната е на Карим Бензема. Бензема од непосредна близина гаѓање во голот на Манчестер Сити, но голманот Едерсон успеа да ја одбрани својата мрежа.
Вечерва се игра вториот полуфинален натпревар во кој се среќаваат градските ривали Милан и Интер. Средбата започнува во 21:00 часот.
Реванш средбите од полуфиналето на Лигата на шампиони се играат на 16 и 17 мај, а финалето ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк‘ во Истанбул на 10 јуни.