Fatih Erel
01 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Бразилскиот легендарен фудбалер, 80-годишниот Пеле, кој беше опериран поради сомнителен тумор на дебелото црево, е отпуштен од болница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразилскиот легендарен фудбалер Пеле, на својот профил на социјалните мрежи, напиша: „Многу сум среќен што се вратив дома. Ви благодарам на сите што го пополнувате мојот живот и одблизу и оддалеку.“
Пеле имаше успешна операција во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, Бразил, откако беше откриена сомнителна лезија на дебелото црево.
Пеле, кој важи за најдобрите во историјата на фудбалот, е единствениот играч што трипати го освоил Светското првенство, и тоа во 1958, 1962 и 1970 година.