Doğa Kırmızıoğlu
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
АНКАРА
Одиграни се и последните натпревари од втората коло во групата фаза на УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одржаа натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х на УЕФА Лигата на шампиони, најпрестижната организација на европскиот фудбал на клупско ниво.
Во групата Х се одигра дерби натпревар меѓу Јувентус и Челси. Јувентус успеа на домашен терен да го совлада актуелниот шампион во Лигата на шампионите, Челси, со резултат 1:0. Единствениот погодок за домаќините го постигна Федерико Киеза во 46. минута од средбата.
Во групата Е, Баерн Минхен му беше домаќин на Динамо Киев. Баерн му нанесе тежок пораз на Динамо, совладувајќи го со резултат 5:0. Најзаслужни за победата на Баерн беа Роберт Левандовски со два погодоци, а по еден гол постигнаа Серж Гнабри, Лирој Сане и Ерик Шупо-Мотинг.
- Барселона остана без бодови и во вториот натпревар
Во вториот натпревар од групата Е, екипата на Барселона загуби со 3:0 на гостинскиот терен на Бенфика, продолжувајќи ја низата на лоши резултати.
Головите на португалскиот тим ги постигнаа Дарвин Нунез во 3. и 79. минута и Рафа Силва во 69. минута. Каталонскиот претставник се наоѓа на последното место во групата со два порази, не успевајќи да постигне гол и по двата натпревари во ЛШ.
Во групата Ф, Манчестер Јунајтед на „Олд трафорд“ го совлада Виљареал со 2:1. Гостите поведоа со 0:1 во 53. минута од средбата преку Пако Алкасер, а Манчестер Јунајтед изедначи на 1:1 во 60. минута со погодокот што го постигна Алекс Телес. Победата на Манчестер Јунајтед му ја донесе португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо со погодок во судиското продолжение 90.+5. минута.
Кристијано Роналдо во исто време го одигра својот 178. натпревар во УЕФА Лигата на шампиони и ја понесе титулата на играч со најголем број средби во ова натпреварување, оставајќи го зад себе Икер Касиљас.
Резултати од вчера одиграните натпревари:
Аталанта - Јанг Бојс 1:0
Зенит - Малме 4:0
Волфсбург - Севиља 1:1
Баерн Минхен - Динамо Киев 5:0
Салцбург - Лил 2:1
Јувентус - Челси 1:0
Бенфика - Барселона 3:0
Манчестер Јунајтед - Виљареал 2:1