Doğa Kırmızıoğlu
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
АНКАРА
Одиграни се првите натпревари од второто коло во групната фаза на УЕФА Лига на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа натпреварите во групите А, Б, Ц и Д на УЕФА Лигата на шампионите, најпрестижната организација на европскиот фудбал на клупско ниво.
Во дербито на колото, во групата А се сретнаа екипите на Париз Сен Жермен (ПСЖ) и минатогодишниот финалист Манчестер Сити. Домаќините славеа со 2:0.
ПСЖ поведе со погодокот на Идриса Гејe во осмата минута. Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, кој оваа сезона ги засили редовите на ПСЖ, натпреварот го започна меѓу првите 11-мина и во 74. минута го постигна својот прв гол во дресот на францускиот претставник, за водство на домаќините од 2:0, што беше и конечен резултат на натпреварот.
Во групата Б, Ливерпул како гостин со 1:5 го совлада Порто. Погодоците за Ливерпул ги постигнаа Мохамес Салах во 18. и 60. минута од средбата, Садио Мане во 45. минута, а Роберто Фирмино кој влезе на теренот во 67. минута, постигна два погодоци во 77. и 83. минута. Единствениот гол за Порто го постигна Мехди Тареми.
Салах со постигнатите два погодоци на средбата против Порто се искачи на второто место на фудбалери од африканскиот континент според бројот на постигнати голови во ЛШ со 31 погодок, оставајќи го зад себе Самуел Ето (30 гола). На првото место на голгетери од Африка се наоѓа Дидје Дрогба со постигнати 44 погодоци во УЕФА Лигата на шампиони.
Во вториот натпревар од оваа група, Милан на домашен терен загуби со 1:2 од Атлетико Мадрид. Милан поведе во 20. минута со голот на Рафаел Леао. Во 29. минута Френк Каси доби втор жолт картон, оставајќи го Милан со играч помалку на теренот. Во второто полувреме Атлетико Мадрид успеа да ја искористи предноста на играч повеќе и создавајќи голем притисок пред голот на Милан, успеа да победи со головите на Антоан Гризман во 84. минута и голот што Луис Суарез го постигна од белата точка во 90.+7. минута.
- Историска победа на Шериф
Изненадување на колото во Лигата на шампиони се случи во групата Д.
Реал Мадрид загуби на домашен терен загуби со 1:2 од Шериф. Победата на гостите ѝ ја донесоа Јасурбек Јакшибое со голот постигнат во 25. минута и Себастијан Тил во 90. минута. Единствениот гол на Реал Мадрид го постигна Карим Бензема од пенал во 65. минута.
Екипата на Шериф, која за првпат во својата историја се квалификуваше во групната фаза на Лигата на шампионите, на средбата против Реал ги постигна своите први голови на гостински терен. По оваа победа, Шериф се наоѓа на лидерската позиција во групата Д со 6 поени по две средби. Шериф во првото коло на ЛШ успеа да го совлада Шахтјор Доњецк со 2:0.
Од друга страна, Бензема стана првиот играч на Реал Мадрид кој на 17 турнири на Лигата на шампиони успеал да ја затресе противничката мрежа.
Резултати од вчера одиграните средби:
Шахтјор Доњецк - Интер 0:0
Ајакс - Бешикташ 2:0
Париз Сен Жермен - Манчестер Сити 2:0
Лајпциг - Клуб Бриж 1:2
Порто - Ливерпул 1:5
Милан - Атлетико Мадрид 1:2
Борусија Дортмунд - Спортинг Лисабон 1:2
Реал Мадрид - Шериф 1:2
Денес на програмата се средбите во групите Е, Ф, Г и Х. Се среќават:
18:45 Аталанта - Јанг Бојс
18:45 Зенит - Малме
21:00 Волфсбург - Севиља
21:00 Баерн Минхен - Динамо Киев
21:00 Салцбург - Лил
21:00 Јувентус - Челси
21:00 Бенфика - Барселона
21:00 Манчестер Јунајтед - Виљареал