Yunus Kaymaz
25 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
ИСТАНБУЛ
Моментално водечкиот во поредокот на возачи во Формула 1, Макс Верстапен, ќе ја започне трката за Големата награда на Русија во недела од последната позиција, известува Агенција Анадолија (АА).
Верстапен претходно беше казнет поради дуелот со Луис Хамилтон на минатата трка, и трката во Сочи требаше да ја започне за три позиции послабо од она што ќе го избори во квалификациите.
Сепак Верстапен ќе ја започне трката од последната позиција бидејќи е заменет моторот на неговиот болид на тимот Ред Бул.
Истото го стори и Шарлс Леклер со болидот на Ферари, па казната го стигна и него, па на трката за ГН на Русија ќе му се приклучи на Верстапен на последната стартна линија.
Возачите во текот на сезоната на Формула 1 имаат право на три измени на моторите на болидите, а секоја следна измена значи старт од последната позиција на следната трка.
Пред трката во Сочи за Големата награда на Русија, Верстапен е првопласиран на листата на возачи во Формула 1 со 226,5 бода, пет повеќе од второпласираниот Хамилтон, додека третопласираниот Валтери Ботас има 141 бод.