Doga Kirmizioglu
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АНКАРА (АА) – По синоќешните натпревари од 5. коло на УЕФА Лигата на шампиони, пласман во наредната фаза обезбедија екипите на Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Барселона, Порто и Шалке 04, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа заврши 5. коло од групната фаза на Лигата на шампиони со 8 натпревари во групите А, Б, Ц и Д.
Во групата А, шпанскиот претставник Атлетико Мадрид ја совлада фанцуската екипа Монако, со резултат 2:0, додека Борусија Дортмунд, на домашен терен одигра нерешено 0:0 со белгискиот претставник Клуб Бриж.
Атлетико Мадрид со 12 и Борусија Дортмунд со освоените 10 поени се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампиони. Клуб Бриж натпреварите ќе ги продолжи во УЕФА Лигата на Европа.
Во групата Б, ПСВ загуби на домашен терен од Барселона, со резултат 2:1. Лионел Меси и Џерард Пике ги постигнаа головите на шпанскиот тим, додека Лук де Јонг го постигна единствениот погодок за холандскиот претставник.
По оваа победа, Барселона е на лидерската позиција во групата со освоените 13 поени и со тоа се пласираше во осминафиналето. ПСВ со еден поен се наоѓа на последното место на табелата и се збогуваше од европското натпреварување.
Во вториот натпревар од групата, Тотенхем на домашен терен ја совлада екипата на Интер, со резултат 1:0. Голот го постигна Кристијан Ериксен во 80. минута од натпреварот. Интер и Тотенхем во групата имаат по 7 поени. Екипата што ќе се пласира во осминафиналето од Лигата на шампиони ќе биде позната по натпреварите од последното коло.
Во групата Ц, францускиот тим Париз Сен Жермен (ПСЖ) на домашен терен ја победи англиската екипа Ливерпул, со резултат 2:1. Головите за Париз Сен Жермен ги постигнаа Хуан Бернат во 13. минута и Нејмар во 37. минута. Единствениот гол за гостинската екипа го постигна Џејмс Милнер од пенал во 45.+1. минута од натпреварот.
Нејмар, со постигнатиот гол стана бразилски фудбалер кој има постигнато најмногу голови во Лигата на шампиони.
Во вториот натпревар од групата италијанскиот претставник Наполи на свој терен ја совлада екипата на Црвена ѕвезда, со резултат 3:1. Головите за Наполи ги постигнаа Марек Хамшик во 11. минута и Дрис Мертенс во 33. и 52. минута од натпреварот. Единствениот погодок за Црвена ѕвезда го постигна Ел Фарду Бен во 57. минута.
По овие резултати Наполи е лидер во групата Ц, со освоени 9 поени, ПСЖ втора, со 8 поени, Ливерпул со 6 поени е на третото место. Црвена ѕвезда со освоените 4 поени се наоѓа на последното место од табелата. Екипите кои ќе се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампиони и Европа лигата ќе бидат познати по одиграните натправари од последното коло.
Во групата Д, португалскиот тим Порто, кој е лидер на табелата, го победи тимот на Шалке 04, со резултат 3:1. Головите за Порто ги постигнаа Едер Милитао, Јесус Корона и Муса Марега. Единствениот погодок за германската екипа од пенал го постигна Набил Бенталеб.
Едно коло пред крајот на натпреварите по групи, пласман во осминафиналето обезбедија екипата на Порто, со освоени 13 поени и Шалке 04, со 8 поени. Галатасарај со 4 поени е трет во групата, додека Локомотив Москва се наоѓа на последното место, со 3 поени. Која екипа ќе продолжи да се натпреварува во Европа Лигата, ќе биде познато по натпреварите во последното 6. коло.
Резултати и табеларен приказ по натпреварите одиграни во групите А, Б, Ц и Д на УЕФА Лигата на шампиони:
Група А:
Атлетико Мадрид - Монако 2:0
Борусија Дортмунд - Клуб Бриж 0:0
| Екипи | Н | П | Н | П | П | П | Разлика | Бодови |
| Атлетико Мадрид | 5 | 4 | 0 | 1 | 9 | 6 | 3 | 12 |
| Борусија Дортмунд | 5 | 3 | 1 | 1 | 8 | 2 | 6 | 10 |
| Клуб Бриж | 5 | 1 | 2 | 2 | 6 | 5 | 1 | 5 |
| Монако | 5 | 0 | 1 | 4 | 2 | 12 | -10 | 1 |
Група Б:
Тотенхем - Интер 1:0
ПСВ - Барселона 1:2
| Екипи | Н | П | Н | П | П | П | Разлика | Бодови |
| Барселона | 5 | 4 | 1 | 0 | 13 | 4 | 9 | 13 |
| Интер | 5 | 2 | 1 | 2 | 8 | 9 | -1 | 7 |
| Тотенхем | 5 | 2 | 1 | 2 | 5 | 6 | -1 | 7 |
| ПСВ | 5 | 0 | 1 | 4 | 5 | 12 | -7 | 1 |
Група Ц:
Наполи - Црвена ѕвезда 3:1
Париз Сен Жермен - Ливерпул 2:1
| Екипи | Н | П | Н | П | П | П | Разлика | Бодови |
| Наполи | 5 | 2 | 3 | 0 | 7 | 4 | 3 | 9 |
| Пари Сен Жермен | 5 | 2 | 2 | 1 | 13 | 8 | 5 | 8 |
| Ливерпул | 5 | 2 | 0 | 3 | 8 | 7 | 1 | 6 |
| Црвена ѕвезда | 5 | 1 | 1 | 3 | 4 | 13 | -9 | 4 |
Група Д:
Локомотив Москва - Галатасарај 2:0
Порто - Шалке 04 3:1
| Екипи | Н | П | Н | П | П | П | Разлика | Бодови |
| Порто | 5 | 4 | 1 | 0 | 12 | 4 | 8 | 13 |
| Шалке 04 | 5 | 2 | 2 | 1 | 5 | 4 | 1 | 8 |
| Галатасарај | 5 | 1 | 1 | 3 | 3 | 5 | -2 | 4 |
| Локомотив Москва | 5 | 1 | 0 | 4 | 4 | 11 | -7 | 3 |