Oktaj Omeragikj
01 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
СКОПЈЕ
Синоќа се одиграа по 16 натпревари од второто коло во УЕФА Лига Европа, второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа и новоформираната Конференциска лига, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Лига Европа тимот на Наполи на домашен терен го пречека Спартак од Москва. Репрезентативецот на Северна Македонија, Елиф Елмас, уште во првата минута успеа да ја затресе мрежата на гостинскиот голман за водство на Наполи од 1:0. Во 30. минута од средбата, Марио Руи, играчот на Наполи, доби црвен картон, оставајќи ги своите соиграчи со играч помалку. Со овој резултат се замина на полувреме.
Во второто полувреме Спартак успеа да ја искористи предноста на играч повеќе и во 55. минута Квинси Промес го изедначи резултатот на 1:1. Микаил Игнатов кој во 73. минута го замени Руслан Литвинов, во 80. минута постигна погодок за водство на Спартак од 1:2. Во 90. минута Квинси Промес повторно се запиша во листата на стрелци за водство на гостите од 1:3, а Наполи успеа да намали на 2:3 со голот на Виктор Осимхен во судиското продолжение од 90.+4. минута, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на домашен терен.
Турскиот претставник Фенербахче на домашен терен го пречека грчкиот претставник Олимпијакос. Гостите извојуваа убедлива победа од 0:3, а погодоците за Олимпијакос ги постигнаа Франциско Соарес во 6. минута и Јоргос Масурас во 62. и 68. минута.
Олимпик Марсеј на домашен терен го пречека Галатасарај. Натпреварот заврши без победник, 0:0.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во УЕФА Лига Европа:
Спарта Прага - Глазгов Ренџерс 1:0
Лион - Брондби 3:0
Реал Сосиедад - Монако 1:1
Штурм - ПСВ Ајндховен 1:4
Легија - Лестер Сити 1:0
Наполи - Спартак Москва 2:3
Антверпен - Ајнтрахт Франкфурт 0:1
Фенербахче - Олимпијакос 0:3
Олимпик Марсеј - Галатасарај 0:0
Лацио - Локомотива Москва 2:0
Лудогорец - Црвена Sвезда 0:1
Брага - Мидтјиланд 3:1
Селтик - Баjер Леверкузен 0:4
Ференцварош - Бетис 1:3
Генк - Динамо Загреб 0:3
Вест Хем - Рапид Виена 2:0
- Конференциска лига
Синоќа се одиграа и 16 натпревари од второто коло во Конференциската лига на Европа на клупско ниво.
Екипата на Тотенхем постигна висока победа од 5:1 против словенечкиот претставник Мура. Головите за Тотенхем ги постигнаа Деле Али во 4. минута од белата точка, Џовани Ло Келсо во 8. минута, а англискиот репрезентативец Хери Кејн кој на теренот влезе во 59. минута од средбата, постигна хек-трик со головите во 68., 77. и 88. минута. Единствениот погодок за Мура го постигна Жига Коус во 52. минута од натпреварот.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во УЕФА Конференциска лига:
Ласк - Макаби Тел Авив 1:1
Гент - Анортозис 2:0
ЦСКА Софија - Бодо Глимт 0:0
Алашкерт - ХЈК Хелсинки 2:4
Партизан - Флора Талин 2:0
Клуж - Рандерс 1:1
Аз Алкмаар - Јаблонец 1:0
Зорја Луганск - Рома 0:3
Унион Берлин - Макаби Хаифа 3:0
Копенхаген - Линколн 3:1
Витесе - Рен 1:2
Базел - Каират 4:2
ПАОК - Слован Братислава 1:1
Тотенхем - Мура 5:1
Омонија - Карабах 1:4
Феенорд - Славија Прага 2:1