Dejan Maksimoviç
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
МИНХЕН (АА) - Роберт Левандовски, фудбалскиот репрезентативец на Полска, според неговиот агент Пини Захави, сака да ги напушти редовите на германскиот шампион Баерн Минхен, пренесува Anadolu Agency (AA).
За полскиот напаѓач се заинтересирани многу големи клубови како Реал Мадрид, Јувентус, Интер, па затоа пронаоѓањето нова средина не треба да претставува проблем.
„Роберт чувствува потреба да го промени клубот и да започне нов предизвик. Директорите на Баерн Минхен веќе се информирани за тоа. Неговиот мотив не се пари или одреден клуб, бидејќи буквално секој врвен клуб сака да го има најдобриот напаѓач во светот“, изјави Захави за германските медиуми, кој на почетокот од оваа година стана агент на Полјакот.
Од доаѓањето во Баерн од Борусија Дортмунд во 2014 година, Левандовски одигра 195 официјални натпревари и постигна 151 гол. Одличниот 29-годишен напаѓач играше и за Знич Прушков и за Лех Познањ. За националниот тим на Полска одигра 93 натпревари со 52 погодоци.