Dejan Maksimoviç
07 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
НИОН (АА) - Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) им изрече парични казни на Бешикташ во износ од 34.000 евра, 25.000 за Баерн и за Рома 7000 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот клуб помина најлошо поради пропустот во организацијата на натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Баерн. Освен за лошата организација, Бешикташ беше казнет и поради фрлање предмети на теренот и блокирање на скалите на трибините.
Баерн ќе мора да плати 25.000 евра поради влезот на навивачите на теренот и поради пораките со навредлива природа за време на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Казната од 7.000 евра за Рома се однесува на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Шахтар Донецк поради употреба на пиротехнички средства од страна на неговите фанови.
Римскиот клуб беше предупреден поради тоа што момчињата кои ги фаќаа топките го задржуваа времето. Вреди да се напомене дека на 5 јуни Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Рома со 50.000 евра поради навивачките нереди на првиот натпревар во полуфиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул во Англија.