Fatih Erel
15 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
ЖЕНЕВА (AA) - По вчерашните нереди на средбата од четвртфиналето на Европа лигата помеѓу Олимпик Лион и Бешикташ, УЕФА покрена истага и двата тима ги упати на дисциплинска комисија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од УЕФА стои дека, по вчерашните неспортски настани во текот на натпреварот помеѓу Олимпик Лион и Бешикташ, покрената е истрага и дека двете екипи се упатени на Дисциплинска комисија
Кога станува збор за Олимпик, како што се наведува во соопштението, нему му се става на терет лошиот распоред на седење на гостинските и домашните навивачи, недоволното преземање на безбедносните мерки, влегувањето на играчите на теренот како и некои други пропусти кои ќе ги истражи комисијата.
На Бешикташ, на терет му се става палење на факели од страна на неговите навивачи, и фрлање на предмети на терен.
Во соопштението од Кабинетот на гувернерот на Лион потврдено е дека во текот на немирите на натпреварот помеѓу Олимпик Лион и Бешикташ се повредени најмалку седум навивачи, а полесни повреди добија и двајца припадници на жандармеријата. Приведени се најмалку 12 навивачи.