Ekip
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Почетокот на средбата на француските прволигаши Бастија и Лион доцнеше околу 55 минути, откако навивачите на домашниот тим влегоа на терен и ги нападнаа гостинските играчи, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на загревањето на стадионот Арманд Чесари, навивачите на Бастија упаднаа на теренот и започнаа да се туркаат со играчите на Лион.
Играчите на двата тима се вратија во соблекувалната додека не се смири ситуацијата. Натпреварот наместо во 17:00, започна во 17:55 и никој од играчите не е повреден.
Ова е втор пат оваа недела натпреварите на Лион да бидат пропратени со инциденти. На тој тим му се закануваат санкции од УЕФА откако четвртфиналниот натпревар против Бешикташ оваа недела исто така започна со задоцнување, поради нередите на навивачите.