Ekipa
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПКК синоќа со камења ја нападнале џамијата на северниот дел од Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачите ги искршиле сите прозорци на едната страна од џамијата на Управата за верски работи на Република Турција (Дијанет), и на ѕидовите го напишале името на терористичката организација ПКК.
Џамијата се наоѓа во Хорнси, во северниот дел од Лондон.
За време на протестниот марш во Лондон, кој беше организиран во саботата, поддржувачите на ПКК физички нападнаа двајца државјани на Турција, а на демонстрациите одржани во петокот фрлаа јајца и камења на амбасадата на Турција во Лондон. Тогаш полесно повреден беше британски полицаец.