Murat Karadağ
09 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Сопругата на 45. американски претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, со словенско потекло, зелената карта ја доби пред десет години, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата дама на САД во земјата дојде во октомври 1996 година, со туристичка виза.
Родена е во 1970 година, во градот Севница, Словенија. Нејзиниот татко Виктор Кнавс, сопственик на галерија со автомобили и мотоцикли, беше член на Комунистичката партија. Нејзината мајка, Амалија Кнавс, се занимавала со дизајнирање на детска облека. Има сестра Инес и полубрат.
Меланија ја започна манекенската кариера од 16 години, а веќе на 18 години во Милано го потпиша првиот договор со агенцијата за модели.
На универзитетот во Љубљана заврши студии за дизајн и архитектура, а подоцна почна поинтензивно да се занимава со модниот сектор.
Покрај кариерата на модел, Трамп и самата дизајнирала неколку креации, но и создала колекција накит и производи за нега на кожа што го носат нејзиното име.
Таа беше на насловните страници на многу модни списанија. Зборува словенечки, српски, француски, германски и англиски јазик.
Таа е втора сопруга на американски претседател која е родена надвор од земјата, и ќе влезе во Белата куќа. Чест да биде прва дама имаше Луиза Адамс, сопругата на 6. претседател на САД, Џон Квинси Адамс, која е родена во Велика Британија.
Меланија и Доналд Трамп се венчаа во 2015 година, а на свадбата присуствуваше главната противничка на Трамп на изминатите избори, Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил.
По една година брак, поточно во 2006 година, Меланија доби американско државјанство. Во март истата година, роден е нивниот син Барон.
Сопругата за време на неговата изборна кампања му даваше голема поддршка.
„Доналд многу ја цени оваа земја. Доколку му биде дадена можност, тој ќе ја направи Америка повторно прекрасна“, изјави претходно Меланија.