Ekipa
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Британската полиција соопшти дека најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени денес, кога лондонски зглобен трамвај излегол од шините, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од противпожарната бригада на Лондон изјавија дека на местото на несреќата се упатени осум противпожарни возила и четири специјализирани единици за спасување, кои веќе шест часа работат на ослободување на лицата кои се заробени под трамвајот.
Британската сообраќајна полиција соопшти дека уапсила машко лице, наводно возачот на трамвајот, и дека во тек е истрагата за утврдување на причините и околностите коишто довеле до оваа тешка сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила во Кројдон, дел од јужен Лондон. Итната помош добила повик од станицата „Сандилендс“, во 6:10 часот по локално време. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како зглобниот трамвај лежи на страна, покрај подвозникот.
Директорот на станицата, Џо Кени, изјави дека пожарникарите јавиле за голем број повредени лица, а две биле заробени.
Службата на итна помош во Лондон објави дека веднаш се згрижени голем број лица, а над 50 се пренесни во болница.