Ali Bayaslan
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул се случи експлозија во близина на стадионот Водафон Арена на Бешикташ, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за внатрешни работи на Турција Сојлу изјави: „По завршувањето на натпреварот на местото каде стадионот го напуштале навивачите на Бурсаспорт, на кое потоа се наоѓале специјалните полициски единици имало возило бомба. Има околу 20-тина повредени, но немаме податоци за загинати. Се надевам дека нема да има. Повредените се полицајци“.