Mutlu Demirtaştan
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Sвездата на екипата Лос Анџелес Лејкерс во американската кошаркарска лига (НБА), Леброн Џејмс, нема да биде во составот на репрезентацијата на САД на Светското првенство во ФИБА 2019. Репрезентацијата на САД се наоѓа во иста група со репрезентацијата на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Леброн Џејмс (34), во изјавата дадена за медиумите во САД, истакнувајќи дека нема да се најде во составот на репрезентацијата, додаде: „Го сакам Грег Поповиќ, но ова лето, не е згодна околност за мене да бидам дел од репрезентацијата.“
Ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс, претходно истакна дека во остатокот на сезоната нема да настапува за Лејкерси, кои ги загубија шансите да се пласираат во плеј-оф натпреварите.
Тој, исто така нагласи дека е можно да учествува на Олимпијадата во Токио, што ќе се одржи во 2020 година.
Националниот тим на САД, на Светското првенство ФИБА 2019 кое ќе се одржи во Кина, во периодот 31 август - 15 септември, ќе настапува во групата Е, заедно со Турција, Чешка и Јапонија.