Yunus Kaymaz
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Доколку за време на натпреварот од полуфиналето на ФА купот на Англија дојде до измена на судската одлука по сугестија на судискиот видео-асистент (ВАР-системот), навивачите спорната позиција ќе можат да ја следат на екранот поставен на стадионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Англиската фудбалска федерација се наведува дека доколку дојде до измена на судската одлука по прегледот на позицијата, благодарение на ВАР-системот, тогаш публиката што се наоѓа на стадионот, ќе може да ја погледне спорната позиција на големиот екран поставен на трибините.
На 6 и 7 април на стадионот „Вембли“ ќе се играат средби од полуфиналето од англискиот ФА Куп, во кои се среќаваат Манчестер Сити - Брајтон и Вотфорд - Вулверхемптон.
Од следната година ВАР-системот ќе почне да се користи и во англиската Премиер лига.