Yunus Kaymaz
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Манчестер Сити од Англиската премиер-лига, во своите редови го донесе францускиот одбранбен играч Ајмерик Лапорт, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на веб-страницата на клубот се наведува дека 23-годишниот француски играч потпиша договор до 2023 година и ќе го носи дресот со број 14.
Манчестер Сити ја исплати откупната клаузала за Французинот од 57 милиони фунти, со што оваа сума го направи Лапорт најскапиот фудбалер во историјата на клубот. Рекордот претходно припаѓаше на белгиската ѕвезда Кевин де Брајн, кој во 2015 година беше трансфериран за 55 милиони фунти.
Тимот на Манчестер, кој од минатата сезона е предводен од шпанскиот стратег Пеп Гвардиола, плати околу 190 милиони фунти за играчи од одбраната.