Dejan Maksimovic
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ЛОНДОН
Френк Лампард, менаџерот на Челси, смета дека Севиља оваа сезона може да ја освои Лигата на шампиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Менаџерот на „сините“, синоќа во дуелот со шпанскиот клуб и актуелен освојувач на Лигата на Европа се увери во силата на гостите. Дуелот во првиот круг на групата Е во Лигата на шампиони на „Стемфорд Бриџ“ заврши без голови.
Екипата на Хулен Лопетеги доминираше во посед на топката и имаше подобри шанси, но на крајот мораше да се задоволи со бод.
„Севиља е еден од многуте тимови кои би можеле да го освојат овој натпревар. Овој реми е позитивен резултат. Ја сфатив потребата од постигнување добар резултат во првиот натпревар од групната фаза. Станува збор за многу добра екипа, гледавме интересен натпревар и задоволен сум со 0:0. Многу важно беше да ја сочуваме мрежата“, изјави Лампард и додаде:
„Севиља е првокласна екипа и концентрацијата и фокусот кои ви се потребни за да постигнете ваков резултат, беа прекрасни. Донесовме многу добри одлуки и на тоа можете да градите иднина.“
Во вториот синоќешен дуел на групата Е, францускиот Рен како домаќин одигра 1:1 против рускиот Краснодар.