Alma Çekovic
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо во нделата вечер изјави дека трансферот во барселона за него претставува остварување на сонот.
Бразилецот од Ливерпул премина во Барселона за 160 милиони евра и така стана третиот најскап фудбалер на светот.
По натпреварот меѓу Барселона и Леванте кој заврши со резултат 3:0, Кутињо објави фотографии со клубски одбележја.
За понеделник е најавено и негово официјално претставување кое ќе се изврши по потпишувањето на договорот.
„Здраво за навивачите на Барселона, јас сум веќе тука. Ова е остварувење на сон, се надевам дека ќе се видиме утре“, соопшти 25 годишниот везист во кратката видео снимка објавена на твитер, пренесува телевизискиот канал Би-Би-Си (BBC).