Hüseyin Burak Demirer
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Лионел Меси кој го носи дресот на шпанскиот прволигаш Барселона, го постигна својот 365 погодок во шпанското фудбалско првенство, со што се изедначи со германскиот голгетер Герд Милер, кој овој рекорд го држи веќе 39 години. Со овој погодок, Меси стана „Најдобриот голгетер во една од петте најголеми евроски фудбалски лиги”, пишува Anadolu Agency (AA).
Меси, кој досега во пет наврати успеа да го освои пехарот Златна топка како најдобар светски фудбалер, фудбалер со најголем број постигнати погодоци во историјата на шпанското првенство и играч кој во 2012 година во клупскиот и репрезентативниот дрес успеа во текот на една календарска година да постигне 91 погодок, во својата кариера додаде уште една титула.

Меси, дресот на првиот тим на Барселона за првпат го облече на 16 октомври 2004 година, а со погодокот постигнат против Леванте во 18. коло од овогодишното првенство дојде до својот 365 погодок во шпанската Ла Лига. Триесетгодишниот напаѓач на тој начин се изедначи со германската легенда Герд Милер, кој го држеше рекордот на фудбалер кој постигнал најголем број погодоци за својата екипа во една од петте најголеми европски фудбалски лиги.
На листата на најефикасни фудбалери меѓу петте најголеми фудбалски лиги во Европа, покрај Герд Милер се наоѓаат Џими Гривс (Премиер лига - Англија) со 357 погодоци, Делио Онис (Лига 1 - Франција) со 299 погодоци и Силвио Пиола (Сериа А - Италија) со 290 погодоци.
Можеби Меси нема супериорна физичка конструкција, но тоа го надополнува со извонредната техника и чувството за точното и навремено примање на топката, успевајќи да го израмни рекордот на Герд Милер стар 39 години.
Германскиот „бомбардер” Милер своите 365 погодоци ги постигна на 427 натпревари, додека на аргентинскиот напаѓач му беа потребни само 400 натпревари за да ја постигне таа бројка.
Меси во својата клупска историја постигна 39 хек-трик погодоци, на 6 натпревари му успеа да постигне 4 погодоци, додека на еден натпревар постигна 5 погодоци. Неговата најголгетерска сезона беше 2011-2012, кога успеа 73 пати да ја затресе противничката мрежа. Оваа сезона Меси постигна 20 погодоци.
Голгетери кои постигнале најголем број погодоци во дресот на еден клуб
Меси во својата фудбалска кариера успеа да постигне 365 погодоци во шпанската Ла Лига, 97 во Лигата на шампиони, 44 во Кралскиот куп на Шпанија, 13 во шпанскиот Супер куп, 5 погодоци во натпреварите на Светскиот клупски куп на ФИФА и 3 погодоци во Купот на УЕФА, преземајќи му ја титулата на Герд Милер како фудалер со најголем број погодоци постигнати во дресот на ист клуб. Вкупниот број на погодоци кои Меси ги постигна во дресот на Барселона изнесува 527.
Покрај Меси и Герд Милер кој во периодот 1965/1979 година го носеше дресот на Баерн Минхен и за својот куб постигна вкупно 525 погодоци, има уште двајца фудбалери кои во клупската историја постигнале повеќе од 500 погодоци.
Во периодот 1922-1937 година во редовите на шкотскиот прволигаш Селтик играше Џими Мекгрори, кој постогна 522 погодоци за својот тим. Четвртиот фудбалер кој ја надмина границата од 500 погодоци е играчот на Хамбург, Уве Зелер, кој во период од 1954 до 1972 година успеа да постигне 507 погодоци.
Голгетери кои постигнале најголем број погодоци во една од петте најголеми фудбалски лиги во Европа:
| Фудбалер | Клуб | Лига | Години во кои играл | Број на натпревари | Број на погодоци |
| Лионел Меси (Аргентина) | Барселона | Шпанија | 2004-сѐ уште игра | 400 | 365 |
| Герд Милер (Германија) | Баерн Минхен | Германија | 1965-1979 | 427 | 365 |
| Џими Гривс (Англија) | Челзи, Тотенхем, Вест Хем Јунајтед | Англија | 1957-1972 | 516 | 357 |
| Делио Онис (Аргентина) | Ремс, Монако, Тур, Тулон | Франција | 1971-1986 | 449 | 299 |
| Силвио Пиола (Италија) | Про Верчели, Лацио, Јувентус, Новара | Италија | 1929-1954 | 566 | 290 |
ЗАБЕЛЕШКА: Силвио Пиола кој е познат како најголем голгетер во историјата на италијанската лига, 16 од своите 290 погодоци ги постигнал во сезоната 1945/46, кога во Италијанскиот национален шампионат се натпреваруваа и неколку второлигашки екипи. Таа сезона Торино стана шампион на Италија и бидејќи италијанската федерација го призна првенството, тие 16 погодоци се вброени во вкупниот број на постигнати погодоци на Пиола.