Ekipa
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
МАДРИД (АА) - Кристијано Роналдо денес ќе се појави пред шпанскиот суд во рамките на истрагата за наводните даночни измами, јавува Anadolu Agency (AA).
Рочиштето кое го води истражниот судија ќе биде затворено за јавноста.
Судијата ќе земе изјава од Роналдо во склоп на истрагата која ќе покаже дали постои основа за подигнување на обвинение.
Државниот обвинител минатата година го осомничи Роналдо по четири точки од обвинението за затајување на данок од 2011 до 2014 година, во износ од 14,7 милиони евра.
Обвинителот ќе мора да докаже дека Роналдо користел офшор (offshore) компании надвор од Шпанија за да го сокире приходот од правата за објава на имињата. Неговите примања во Реал не се под сомнение.