Fatih Erel
26 Декември 2019•Ажурирај: 29 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Кинеските власти денеска најавија ограничување на трошоците на клубовите за странските фудбалери со цел подобрување на финансиската состојба на клубовите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според кинеската новинска агенција „Синхуа“, на кинеските фудбалери нема да им се плаќа повеќе од 10 милиони јуани (1,4 милион долари), вклучувајќи ги и даноците почнувајќи од претстојната зимска сезона, додека платата на странските играчи би била ограничена на 3 милиони евра (3,3 милиони долари) по оданочувањето.
Бројот на странски играчи на теренот за секој клуб во кинеската Супер лига е зголемен од три на четири, почнувајќи од новата сезона.
Клубовите исто така ќе бидат ограничени во трошоците за следната сезона на лимит не поголем од 1,1 милијарда јуани (160 милиони долари).
Кинеските фудбалски клубови во последните години трошеа астрономски суми за трансфер на странски играчи.