спорт

Квалификации за СП 2026: Северна Македонија и Казахстан одигра нерешено 1:1 во Скопје

- Последниот натпревар селекцијата на Северна Македонија во квалификациите за СП 2026 ќе го одигра во Кардиф како гостин на селекцијата на Велс следниот месец, задржувајќи ги надежите за пласман на Мундијалот.

Shpetim Hiseni  | 14.10.2025 - Обновена : 14.10.2025
Квалификации за СП 2026: Северна Македонија и Казахстан одигра нерешено 1:1 во Скопје

СКОПЈЕ (АА) – Репрезентацијата на Северна Македонија ги подели бодовите со Казахстан. Натпреварот што се одигра во Скопје во рамките на европските квалификации за Светското првенство 2026, заврши нерешено 1:1, јавува Анадолу.

Првото полувреме на натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во рамките на Групата Ј заврши без голови.

Во второто полувреме, Казахстан прв успеа да поведе во 54-тата минута, кога Динмухамед Кaрaман постигна погодок по прецизен удар од близина, затресувајќи ја мрежата на Столе Димитриевски, голманот на репрезентацијата на Северна Македонија.

По примениот гол, Северна Македонија го зголеми притисокот врз противничкиот гол и успеа да израмни на 1:1 во 74-тата минута преку Енис Барди, со удар од далечина.

Во последните минути, селекцијата на тренерот Благоја Милевски инсистираше на победа и доминираше во играта, но Казахстан успеа да го сочува резултатот и да обезбеди бод на гостински терен.

По овој натпревар Северна Македонија се наоѓа на второто место во Групата Ј со 13 бодови, зад Белгија која има 14 бодови и еден натпревар помалку. На третото место е Велс со 10 бодови и натпревар помалку. На четвртото место се наоѓа Казахстан со 7 бодови, додека Лихтенштајн е последен на табелата без освоен бод.

Последниот натпревар селекцијата на Северна Македонија во квалификациите за СП 2026 ќе го одигра во Кардиф како гостин на селекцијата на Велс следниот месец, задржувајќи ги надежите за пласман на Мундијалот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.