Abdula Berisha
12 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Репрезентацијата на Северна Македонија претрпе пораз на домашен терен од Германија со резултат 0:4 во рамките на квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, јавува Агенција Анадолија (AA).
Иако првиот дел од натпреварот одигран на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје заврши 0:0, гостите доминираа со повеќе создадени шанси, но не успеаја да конкретизираат со гол.
Доминацијата на Германците продолжи и во второто полувреме, и тие го отворија резултатот во 50-та минута со голот на Каи Хаверц. Потоа, неговиот соиграч од англискиот клуб Челси, Тимо Вернер, постигна два гола во 70. и 73. минута, додека конечниот резултат во 83. минута го постави младиот играч за врска од Баерн Минхен, Џамал Мусиала.
Со оваа победа, Германија останува прва во Групата Ј со 21 бод, додека Северна Македонија сега е на третото место со 12 бода.