АНКАРА (АА) – Големата награда на Турција во Формула 1 „Ролекс“ што се одржа во Истанбул беше проследен со големо внимание од тимовите и од европските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Успехот на соиграчот на Луис Хамилтон, Финецот Валтери Ботас, беше поздравен од неговиот тим.
Во изјавата дадена од Мерцедес, беше наведено дека временските услови во „Истанбул парк“ одиграле важна улога на нивото на трката.
„На патеката, која постојано беше влажна поради слабиот дожд, Валтери постигна голема победа. Тој, исто така, постигна дополнителни поени постигнувајќи го најбрзиот резултат досега“, се нагласува во соопштението од Мерцедес.
Во истото соопштение во врска со перформансите на Хамилтон, кој трката ја започна од 11-то место со образложение дека го сменил моторот со внатрешно согорување и заврши на 5-то место, се нагласува: „Луис остави многу болиди зад себе, особено на почетокот на трката, и покрај казната за стартување од десет места назад во однос на позицијата која ќе ја освои во квалификациите. Задоволни сме со перформансите на нашите пилоти и покрај тврдоглавите облаци од дожд и магливото време.“
- Ред Бул и Ферари задоволни од резултатот -
Верстапен, кој ја заврши трката на второто место, и Ред Бул, тимот на мексиканскиот пилот Серхио Перез, кој се најде на третото место, беа меѓу оние кои задоволни се вратија од Истанбул.
Во изјавата на Ред Бул се истакнува дека излегувањето на двајцата возачи на пиедесталот во Истанбул се смета за важен успех.
„Одличен е резултатот на Макс Верстапен повторно да се искачи на врвот во пласманот на возачите во Формула 1. Серхио Перез, кој се бореше со Хамилтон во текот на целата трка, после Големата награда на Франција за прв пат се искачи на пиедесталот и одигра значајна улога за двојната победа на нашата екипа“, се додава во изјавата на Ред Бул.
На Големата награда на Турција, каде што пилотот од Монако, Шарлс Леклер трката ја заврши на четвртото место, а Шпанецот Карлос Сајнз на осмото место, е оценето како задоволителен резултат на страната на Ферари.
Во изјавата на тимот, се нагласува дека тие се задоволни од тоа што двајцата нивни пилоти од Истанбул се вратила со вкупно 16 поени.
„Можевме да постигнеме уште подобри резултати кога ќе ги погледнеме перформанси на нашата пилоти што ги покажаа на патеката. Благодарение на освоените места на нашите пилоти, значително го намаливме јазот на поени помеѓу Мекларен и нашата екипа меѓу Ф1-тимовите“, се нагласува во соопштението на Ферари.
Подвлекувајќи дека „Истанбул парк“ е предизвик, директорот на тимот на Ферари, Матиоа Биното, рече: „Се обидовме да победиме. Околу две третини од трката во Истанбул парк поминаа на влажни површини. Шарлс имаше добра брзина и еден период дојде до третата позиција и возеше за лидерското место. Развивме стратегии за победа на оваа трка. Трката беше многу напната. На тренингот во петокот дадовме сигнали дека можеме да постигнеме добри резултати на трката. Истанбул парк е патека која бара многу посветеност и покажавме колку сме конкурентни. Покрај тоа што освоивме 16 поени сепак мислам дека не постигнавме целосно задоволителен резултат.“
- Британскиот печат го критикуваше Хамилтон -
Во европските медиуми се наведува дека временските услови за време на трката во „Истанбул парк“ одиграле важна улога во резултатите кои се постигнати.
Британскиот медиум Би-би-си (BBC) ја критикуваше одлуката на Хамилтон за време на трката да не оди да ги смени пневматиците по повикот на екипата на Мерцедес.
„Луис Хамилтон не го слушаше Мерцедес, пневматиците ги промени многу доцна. Со тоа ги намали шансите да победи на трката“, се нагласува во веста на Би-би-си (BBC).
Користејќи го насловот „Грешката на Хамилтон резултираше со петто место во Истанбул“, весникот „Дејли мејл“ истакна: „Хамилтон, кој не можеше да ги контролира нервите, не го послуша повикот на неговиот тим да влезе во боксот и да ги смени пневматиците. Со тоа ги намали шансите за освојување на шампионатот.“
- „Марка“: „Големата награда на Турција беше одбележана со ситен дожд кој не престана да врне“ -
Шпанските медиуми, во своите вести за трката во Истанбул покрај на шпанските возачи Саинз и Фернандо Алонсо се осврнаа и на влажната патека, и борбата за лидерство меѓу пилотите Хамилтон и Верстапен.
Во вестите, се нагласува дека Алонсо, еден од шпанските пилоти, „имал лош ден“, а Саинз, кој стартуваше од 1-то место и се пласираше на 8-то место, изложил пример „блескав пилот“.
Во веста на весникот „Марка“ со наслов „Фестивал на Ботас, но новиот лидер е Верстапен“ се нагласува: „Големата награда на Турција беше обележана со ситен дожд кој врнеше непрекинато и ги зголеми тензиите во сите 58 круга.“
Весникот „Ел Паис“, пак, напиша: „Извонредните победнички амбиции на Верстапен и на Хамилтон, кои се кандидати за освојување на Светското првенство во Формула 1 оваа сезона, повторно се појавија во Истанбул“.
Весникот „АС“ кој излезе со насловот „Дождот не ги задоволува сите“, напиша: „Дождот откри дека двајца возачи се буквално подготвени да направат сè за да го освојат шампионатот во Формула 1, во сезона 2021 година која поминува бурно.“
Наведувајќи дека возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, ја оствари својата прва победа оваа година и најверојатно ќе биде неговата последна, „АС“ истакна: „Верстапен продолжи да освојува бодови и се врати повторно на лидерската позиција со предност од 6 поени.“
- Италијанските медиуми се осврнаа на шампионската борба меѓу Хамилтон и Верстапен -
Покрај тоа што трката во Истанбул ја освои Ботас, италијанските медиуми во своите текстови се осврнаа на шампионската борба меѓу Хамилтон и Верстапен.
„Ботас победува, Макс победува“, гласи насловот на „Ла газета дело спорт“.
Во веста се наведува: „Покрај победата во трката, Ботас успеа да го задржи Вертспен зад себе во сите 58 круга на трката.“
Во веста исто така пишува дека Верстапен е задоволен од резултатот освоен во Големата награда на Турција.
Меѓу другото се нагласува дека Леклер, возачот на италијанскиот тим Ферари, кој ја започна трката на 3-то место ја пропушти шансата да се качи на пиедесталот.
„И покрај ова, Леклер и Саинз со своите настапи го постигнаа нај задоволителниот резултат во 2021 година“, се нагласува во „Ла газета дело спорт“.
Весникот „Кориере дело спорт“ забележувајќи дека дождот влијале на резултатите од трката, напиша дека Ботас и возачот на Ред Бул, Серхио Перез се успешните имиња во трката на Големата награда на Турција.
Весникот, исто така, нагласи дека Ферари ја презеде водечката улога во трката со новиот систем на мотори и дека моторот е ветувачки за следната година.
Меѓу другото се забележува дека тактиката што Ферари ја примени кај Леклер за време на трката не се одвиваше според планираното, додека Саинз направи импресивен кам-бек во трката.
news_share_descriptionsubscription_contact
