Ahmet Furkan Mercan
05 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
ТОКИО (АА) - Претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри и параолимписките игри во Токио, Мори Јоширо, изјави дека за одлуката за тоа дали ќе има ограничен број на гледачи и дали ќе има гледачи од странство ќе се чека до „последен момент“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата што ја даде на телевизискиот канал „Би-ес Фуџи“, Мори рече дека најновата состојба на епидемијата со коронавирусот (Ковид-19) низ целата земја ќе биде внимателно проценета пред да се донесе одлуката за тоа дали ќе има гледачи.
Мори, исто така, наведе дека одлуката за тоа дали ќе има ограничен број на гледачи и дали ќе има гледачи од странство се планира да биде објавена во март-април и дека ќе се чека до „последен момент“ за објавување на одлуката.
Посочувајќи дека не е лесно да се донесе одлуката, Мори рече: „Можеби одлуката ќе биде донесена во текот на мај.“
Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука да ги одложи Олимписките игри во Токио, што беа планирани да се одржат во периодот од 24 јули до 9 август, за 23 јули-8 август 2021 година.