спорт

Жените на протестите во Авганистан бараат еднакви права и продолжување на образованието

- Од привремената талибанска влада претходно соопштија дека жените во Авганистан можат да се школуваат на сите нивоа, во која било област, но дека одделенијата ќе бидат раздвоени и ќе постои обврзувачки кодекс на облекување.

Elvır Hodzıc  | 10.10.2021 - Обновена : 11.10.2021
Жените на протестите во Авганистан бараат еднакви права и продолжување на образованието Фото: Билал Ѓулер / АА

КАБУЛ

Група жени денес организираа собир во Кабул, главниот град на Авганистан, повикувајќи ја талибанската власт да обезбеди еднакви права во земјата и продолжување на образованието на жените, известува Агенција Анадолија (АА).

Учесничките на демонстрациите извикуваа пароли и носеа транспаренти со пораки, како „Молкот на светот е засрамувачки“, „Ќе исчезне општеството без жени“, „Еднаквоста меѓу жените и мажите претставува развој за Авганистан“, „Леб, работа, слобода, учество во политиката“, „Зошто меѓународната заедница молчи, не можете ли да го чуете гласот на авганистанските жени“, „Заштити ги правата на авганистанските жени. Правата на жените се човекови права“.

Од привремената талибанска влада претходно соопштија дека жените во Авганистан можат да се школуваат на сите нивоа, во која било област, но дека одделенијата ќе бидат раздвоени и ќе постои обврзувачки кодекс на облекување.

Кон средината на август талибанците ја презедоа контролата во Авганистан паралелно со повлекувањето на американските трупи од таа земја.

Талибанците не дозволуваа девојчињата да се школуваат при своето прво владеење, што траеше од 1996 до 2001 година. Тие минатиот месец повторно ја презедоа власта во Авганистан и формираа привремена влада, која уште не е признаена од страна на меѓународната заедница.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.