спорт

ЕУРО 2020: Северна Македонија загуби од Австрија со резултат 3:1

Во 28 минута, капитенот на Северна Македонија, Горан Пандев успеа да постигне гол со кој израмни на 1:1. Ова беше првиот гол на репрезентацијата на Северна Македонија на нејзиниот дебитантски натпревар на едно Европско првенство во фудбал

Admir Fazlagic  | 13.06.2021 - Обновена : 15.06.2021
ЕУРО 2020: Северна Македонија загуби од Австрија со резултат 3:1 ( Foto: Arhiva / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Фудбалската репрезентација на Република Северна Македонија загуби со резултат 3:1 против репрезентацијата на Австрија во рамките на натпреварот од Група „Ц" од Европското првенство (ЕУРО 2020), јавува Агенција Анадолија (АА).

Во 18 минута Австрија поведе со голот на Лаинер, a 10 минити подоцна, односно во 28 минута, капитенот на Северна Македонија, Горан Пандев ја искористи грешката на противникот и успеа да постигне гол со кој израмни на 1-1. Ова беше првиот гол на репрезентацијата на Северна Македонија на нејзиниот дебитантски натпревар на едно Европско првенство во фудбал, а за Пандев 38 погодок во репрезентативниот дрес.

Првото полувреме од натпреварот заврши нерешено.

Во второто полувреме Австрија го презеде водството со голот на Михаел Грегорич во 78 минута од натпреварот, а во 89 минута Грегорич успеа да постигне гол и да зголеми на 3:1 за Австрија, што беше и конечен резултат од овој натпревар.

Натпреварот Северна Македонија - Австрија се играше во Букурешт, главниот град на Романија.

Наредниот натпревар избраниците на селекторот Игор Ангеловски го играат в четврток, на 17 јуни против Украина.

Во Групата „Ц" освен Северна Македонија и Австрија, се и репрезентациите на Украина и Холандија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.