Mutlu Demirtaştan
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Англиската екипа Тотенхем, која игра во Премиер лигата, го обнови договорот со данскиот фудбалер Кристиан Ериксен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата на клубот Тотенхем стои дека тие го продолжиле договорот со 24-годишниот фудбалер од среден ред до 2020 година.
Данскиот фудбалер, кој својата кариера ја започна во холандскиот клуб Ајакс, во 2013 направи трансфер во клубот Тотенхем за 11 милиони фунти.
Ериксен, кој 63 пати играл во данскиот национален тим, даде 30 гола во вкупно 134 натпревари за 3 сезони во кои играше за Тотенхем.