Dejan Maksimoviç
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, во денешниот натпревар од 20. коло од Премиер лигата на Англија против Саутемтон постигна три гола и така го престигна Лионел Меси (од Барселона) на листата најдобри европски стрелци за 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Меси со погодокот против Реал Мадрид во последниот натпревар на Барселона за 2017 година стигна до бројката од 54 гола. Кејн со сегашните три погодоци против Саутемптон вкупно дал 56 гола.
Воедно тој го собори рекордот на поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер, кој до оваа година беше најдобар стрелец во Премиер лигата во една календарска година со 36 гола во репрезентацијата на Блекбурн Роверс во 1995 година. Кејн минатиот викенд го изедначи овој рекорд, а денес достигна дури 39 гола во 2017 година, со што постави нов рекорд.
Тотенхем славеше против Саутемптон со резултат 5:2 и се искачи на четвртото место во Премиер лигата со 37 поени, дури 18 помалку од Манчестер Сити, кој има и една средба помалку.