Murat Keleş
15 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - МУРАТ КЕЛЕШ –
Во квалификацискиот натпревар за Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2020) помеѓу Бугарија и Англија, англиските фудбалери беа изложени на расистички напади. Тоа повторно ја врати дебатата за расизмот во европскиот фудбал, пишува Anadolu Agency (AA).
Треската на расизмот што го зафати европскиот фудбал не престанува. Поддржувачите на расизмот повторно се појавија на квалификациите за ЕУРО 2020. Расизмот во Европа повторно застана пред фудбалот.
Во осмата недела од квалификациите, во рамките на групата А, Англија на гостински терен ја совлада екипата на Бугарија со резултат од 6:0. Натпреварот го одбележаа расистичките настроените навивачи. Во Европа, која е на дофат на расизмот, на агендата повторно се врати дискриминацијата.
Навивачите расисти создаваа звуци на мајмун при секој допир на топката од страна на фудбалерите Тајрон Мингс и Рахим Стерлинг. И тоа не беше доволно, екстремно десничарските навивачи продолжија со дискриминацијата со нацистички поздрави.
- Надвор од составот поради објава на социјалните мрежи -
Турскиот фудбалер Енвер Џенк Шахин, кој игра за екипата Санкт Паули од Втората фудбалска лига на Германија, поради објава на социјалните мрежи беше цел на напади од расистичките навивачи.
Фудбалерот Енвер Џенк Шахин беше суспендиран од составот на екипата поради објавата со која се поддржува операцијата „Извор на мирот“ на турските вооружени сили.
Европа, исто така не може да го толерира воениот поздрав на турските фудбалери, со кој се поддржува операцијата „Извор на мирот“. Дволичноста на Европа во однос на расизмот предизвикува критики.
- Расистичките напади во Премиер-лигата не престануваат -
Расистичката реторика на екстремната десница во Европа се пренесува и на фудбалските трибини.
Последните фудбалери кои беа цел на расистички напади во Англија се Пол Погба и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед и Теми Абрахам од Челси.
Фил Невил (42), кој ја води Националната женска репрезентација на Англија, ги повика фудбалерите да ги бојкотираат социјалните медиуми поради неодамнешните расистички напади. Но крајот на расизмот во земјата не се гледа.
- Расизмот продолжува и во италијанскиот фудбал -
Друга земја во која од неодамна расизмот е во пораст, е Италија.
Италија со неприфаќањето на бегалците и со непомагање на бродовите со бегалци, кои се оставаат да тонат, истура бензин врз огнот на расизмот.
Бразилскиот фудбалер на Рома од првата фудбалска лига на Италија, Жуан Жесус, бразилскиот фудбалер на Фиорентина, Далберт Енрике и белгискиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку, беа изложени на расистички напади.
Телевизискиот коментатор Лусијано Пасирани, осврнувајќи се на силата на Лукаку, рече: „Ако сакате да го запрете, треба да фрлите 10 банани за да ги изеде.“ Тоа предизвика големи реакции во јавноста.