15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
СКОПЈЕ (АА) - Синоќа продолжија натпреварите од 8. коло од квалификациите за ЕУРО 2020 во фудбал, пишува Anadolu Agency (AA).
Вчера на програмата беа 7 натпревари од 8. коло за пласман на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020.
Дерби на денот беше средбата меѓу светскиот шампион, репрезентацијата на Франција, која на домашен терен ја пречека Турција. По првото полувреме кое заврши без победник, Франција во второто полувреме во 76. минута преку нововлезениот Оливие Жиру поведе со 1:0. Турција бргу се врати од шокот и само 4 минути подоцна преку Ајхан Кан успеа да изедначи за конечни 1:1. Нерешениот резултат меѓу Франција и Турција и победата на Исланд над Андора ја направи интересна завршницата во групата Х, каде што тоа кои репрезентации ќе се пласираат на ЕУРО 2020 ќе биде познато во преостанатите 2 кола.
Репрезентација на Бугарија на домашен терен ја пречека Англија. Гостите со извонредна игра, на Бугарија ѝ нанесоа тежок пораз од 0:6. Албанија како гостин ѝ нанесе тежок пораз на Молдавија од 0:4.
Репрезентацијата на Косово на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Црна Гора. Домаќините извојуваа победа од 2:0. Амир Рахмани го доведе Косово во водство од 1:0 во 10. минута од натпреварот, а конечните 2:0 ги постави Ведат Муриќи во 34. минута.
Литванија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Србија. Гостите беа поуспешни и со двата погодоци на Александар Митровиќ во 48. и 53. минута поведоа со 0:2. Донатас Казлаускас го намали резултатот на 1:2 со погодокот постигнат во 79. минута.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Франција - Турција 1 : 1
Бугарија - Англија 0 : 6
Молдавија - Албанија 0 : 4
Косово - Црна Гора 2 : 0
Литванија - Србија 1 : 2
Исланд - Андора 2 : 0
Украина - Португалија 2 : 1.
Во вторник, третиот натпреварувачки ден од 8. коло на квалификациите за ЕУРО 2020, ќе се одиграат 9 натпревари. Се среќаваат:
18:00 Финска - Ерменија
20:45 Шведска - Шпанија
20:45 Фарски Острови - Малта
20:45 Гибралтар - Грузија
20:45 Романија - Норвешка
20:45 Грција - Босна и Херцеговина
20:45 Лихтенштајн - Италија
20:45 Швајцарија - Ирска
20:45 Израел - Латвија.