спорт

Директорот на „Австралијан опен“: Тенис нема да се игра до крајот на годината

„Тенисот е последниот спорт што може да се врати во нормално натпреварување. Сметам дека нема да се игра во 2020 година...“

Bakir Tiro  | 31.03.2020 - Обновена : 01.04.2020
Директорот на „Австралијан опен“: Тенис нема да се игра до крајот на годината

МЕЛБУРН (АА) - Крег Тили, директорот на грен слем турнирот „Австралијан опен“, изјави дека смета оти тенис нема да се игра до крајот на годината поради пандемијата на коронавирусот.

„Тенисот е последниот спорт што може да се врати во нормално натпреварување. Сметам дека нема да се игра во 2020 година. Тенисерите мора да патуваат низ целиот свет, што во оваа ситуација е тешко. Сепак, треба да се подготвиме за најлошото, а да се надеваме на најдоброто“, рече Тили.

Тој додаде дека ситуацијата не е охрабрувачка.

„АТП и ВТА целосно ќе се променат во наредните месеци. Логично, неколку турнири веќе се откажани, но годинава уште многу ќе бидат откажани.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın