Murat Ünlü
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
ПАРИЗ (АА) - Тренерот на француската фудбалска репрезентација, Дидје Дешам, е тренер со најмногу победи во историјата на репрезентацијата на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во деветтото коло од квалификациските натпревари за Светското првенство „Русија 2018“, Франција успеа да освои победа против Бугарија со резултат 1:0. Со оваа победа францускиот тренер, Дешам, ја освои 42. победа како тренер на оваа репрезентација.
На овој начин 48-годишниот Дешам влезе во историјата на француската репрезентација поминувајќи ги тренерите Мишел Идалго и Ремон Доменек кои имаат по 41 победа со француската репрезентација.
Дешам беше избран за тренер на оваа репрезентација во 2012 година. Тој со оваа репрезентација успеа да стигне до четвртфиналето на Светското првенство во 2014 година, додека учествуваше во финалето на Европското првенство 2016 година.
Француската репрезентација со победата против Бугарија се наоѓа на првото место во Група А, во квалификациските натпревари за Светското првенство „Русија 2018“.