27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
СКОПЈЕ (АА) - Денес и утре на програмата се 6 натпревари од плејофот за пласман во УЕФА Лигата на шампиони, пишува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на плејоф-натпреварите на УЕФА Лигата на шампиони, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, денес и утре на програмата се 6 реванш-средби. За денес се закажани 3 натпревари, а преостанатите 3 натпревари ќе се одиграат во среда, на 28 август.
Екипите што ќе успеат да го минат плејофот ќе учествуваат во извлекувањето на групите на УЕФА Лигата на шампиони. Извлекувањето на групите е закажано за четврток, 29 август, во Монако.
Денес на програмата се натпреварите:
21:00 Розенборг - Динамо Загреб
21:00 Црвена Звезда - Јанг Бојс
21:00 Краснодар - Олимпијакос
28 август, среда:
21:00 Клуб Бриж - ЛАСК
21:00 Славија Прага - Клуж
21:00 Ајакс - АПОЕЛ